Манго лансираше лукбук за шик девојки

22 септември 2014

Манго реши за новиот септемвриски лукбук да понуди поинакви графички решенија со впечатлива и различна позадина, односно колажи кои даваат уметнички впечаток. Доколку ја посетите страната на брендот ќе може да ги разгледате и кратките видеа, а колекцијата нуди носливи парчиња, односно сини кошули, предимензионирани сакоа, сиви кардигани, одело со пруги и неколку модели на здолништа и јакни со принтови. Со овој лукбук, Манго најавува интересна есен, која ни е на самиот праг.

Објавено:
22 септември 2014
Категорија: 
Колекции