Манго направи колекција за Рамазан

27 мај 2016

Муслиманскиот моден пазар е широко распространет, а според некои проценки, до 2019 година, граѓаните од исламска вероисповед ќе потрошат 484 милиони долари на облека и чевли. Токму затоа, дел од брендовите прават колекции специјално посветени на овој пазар. На „Долче и Габана“, „Јуникло“ кои создадоа линии со хиџаб и скромни париња, им се придружи и „Манго“.

Популарниот High street бренд создаде колекција, за која велат е посветена на празникот Рамазан. Во едиторијалот се претставени парчињата кои рефлектираат современа, природна и скромна, но сепак тренди девојка.

Рамазанската колекција, која можете да ја погледнете во продолжение, онлајн ќе биде достапна од 30-ти мај.

Објавено:
27 мај 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.548 пати