Мапата на Париз отсега се носи на нозе
•
5 септември 2016
Дизајнерот Кристијан Лубутан секогаш има нови начини како да ги изненади своите клиенти, купувачи и обожаватели. После одличната есенска кампања, тој воодушеви со два нови модела инспирирани од неговиот омилен град – Париз.
Капсулната колекција носи назив „Plan de Paris“ која буквално го пренесува тоа што претставуваат моделите – картата на Париз.
Лубутан одлучи на најпознатите модели патики и салонки да ја смести мапата на Градот на светлината и да добие уникатен производ.
И ако сте среќни да имате едни вакви обувки, на левата е Ајфеловата кула и сѐ околу неа, а на десната е северниот дел од градот и крајбрежјето на реката Сена.
Сега постои начин да го носиме Париз секаде со нас.