Машката модна недела во Париз низ призмата на Ермес, Кензо и Сен Лоран

30 јуни 2014

Модната метропола „дишеше“ низ призмата претставена низ пролетно -летните колекции за 2015 година на Ермес, Кензо и Сен Лоран, а во продолжение ви ја пренесуваме нивната водечка инспирација во создавање на модните парчиња.

Спортско-елегантна варијанта на сафари трендот

Креативниот директор на машката линија на Ермес, Вероник Нишанјан за пролетно – летната колекција за 2015 година создаде фузија на сафари стилот со спортската елеганција. Целата колекција беше во знакот на земјените тонови во комбинација со впечатливи нијанси на деталите, особено во однос на принтовите. Модните парчиња варираа од палта и панталони во светли нијанси, па се до парчиња кои нудат комформност, како што е познатиот модел на блејзери - bombers.

Пролетно/летна колекција на Ермес за 2015 година Пролетно/летна колекција на Ермес за 2015 година

Туристички атракции  апликацирани на модните парчиња

Кензо внесе детска разиграност низ пролетно/летната колекцијата за 2015 година. Париз како центар на машката модна недела нуди голем број туристички атракции поради кој е всушност и еден од најпосетуваните дестинации во светски рамки. Овој пат колекцијата нудеше целосен производ од модни парчиња и додатоци, а низ креациите впечатливи беа крупните точки, пругите и апликациите од Ајфеловата кула, но и од знаменитости и историски важни личности како што се Кипот на Слободата и Че Гевара, како и познатиот лик од детските цртани филмови Пикачу. Целосната колекција е во знакот на вибрантна колоритност типична за модната куќа Кензо.

Пролетно/летна колекција на Кензо за 2015 година Пролетно/летна колекција на Кензо за 2015 година

Реинкарнација на хипи стилот од шеесеттите 

Најголем број модни куќи направија камбек на шеесеттите години за своите есенско – зимски колекции, но Хеди Слиман реши да направи реконструкција на хипи движењето во модерна конотација. Низ целата колекција преовладуваа пончата, фармерките, јакните со војнички принт, елеците, шеширите и кожените јакни и кошули со цветни дезени.  Ресорт колекцијата е со наслов „Summer of Love“, типичен за хипи трендот во 1967 година во Сан Франциско и е начин за одавање на почит за делата на Џими Хендрикс и Џенис Џоплин.

Пролетно/летна колекција на Сен Лоран за 2015 година Пролетно/летна колекција на Сен Лоран за 2015 година

Објавено:
30 јуни 2014
Категорија: 
Колекции