Мажи, ќе полудите по новата колекција на Том Форд

16 јануари 2015

Дизајнерот Том Форд е еден од најдобро облечените мажи и тоа не само во модниот свет. И покрај тоа што веројатно не постои некој што подобро ги носи оделата од неговите колекции од него, голем број од Холивудските ѕвезди се одлучуваат да носат токму негов модел.

Токму тие, како и сите мажи што ја сакаат модата и држат до добриот изглед, ќе се израдуваат на новата колекција од Том Форд. Ако за последната машка колекција инспирацијата ја бараше во Дивиот Запад, овој пат по инспирација посегна во 1960-тите.

TomFord_02

А тоа се забележува и во лукбукот што ја најавува колекцијата. Црно-белите фотографии потсетуваат на омотите на музичките албуми од тоа време. Тесните панталони со преден раб на ногавиците доаѓаат во неколку варијанти, а искомбинирани се со кошули или ролки, палта од кашмир или свила, со црно-бел принт, кожени чевли.

Со оглед на препознатливата софистицираност на Том Форд, по оваа колекција нема да полудат само мажите, туку и жените, бидејќи нема таква што не сака да го види својот партнер во вакво издание.

TomFord_27

Том Форд мислел на сите пригоди за кои треба да се дотера еден маж, па токму затоа и осмислил комбинации во кои секој ќе се пронајде.

Погледнете:

Објавено:
16 јануари 2015
Категорија: 
Колекции