Меквин, Валентино и Шанел на претпоследниот ден од модната недела во Париз

2 октомври 2013

kolaz

Претпоследниот ден на модната недела во Париз беше навистина возбудливо, особено имајќи предвид дека беа прикажани колекциите на дел од најголемите модни брендови.

Александар Меквин, Валентино и Шанел го одбележаа осмиот моден ден од оваа манифестација, на радост на сите обожаватели и љубители на модата.

Меквин 5

Шоуто на брендот Александар Меквин е опишано како ригорозно, но во позитивна смисла- посветено исклучиво на модата, на новите трендови и уникатните креации.  Моделите носеа светкави златни или сребрени шлемови, а впечатливи беа и црните, бели, сиви и црвени скулптурни потпетици. Всушност, низ целата колекција особено се впечатливи модните додатоци. Моделите претставуваат жена која што е моќна, но не агресивна. Кожата како материјал е доминантна, а се со цел да го долови токму тој момент.

Валентино 4

Валентино имаше шоу во кое беа презентирани дури 73 модели, секој поубав од претходниот, со што се наметна еден нов стандард не само во работата на куќата, туку и воопшто во работата на дизајнерите, според зборовите на критиката.  Романтична, егозтична и етно, колекцијата секако го привлече вниманието на јавноста.

Шанел 4

Креативниот директор на Шанел, Карл Лагерфелд ги повика сите на уметничка изложба, и навистина го мислеше тоа. Посетителите само што влегоа во Големата Палата, се соочија со Шанел робот No. 5. Кога е колекцијата во прашање, доминираат креации од твид во неонска нијанса на розова, црна и бела. Не се исклучени ниту пантентите, како и палтата без ракави.

На овој претпоследен ден, се претставија и Валентин Јудашкин, препознатлив по својот егзотичен гламур, како и Ирис ван Херпен, препознатлива по футуристичката нота.

Во продолжение погледнете дел од колекциите на познатите модни имиња.

Објавено:
2 октомври 2013
Категорија: 
Колекции