Милитари естетика и моќна женственост во новата ресорт колекција на Викторија Бекам

16 јуни 2018

Во својата нова ресорт колекција за 2019 година, британската дизајнерка Викторија Бекам ја реплицираше сопствената желба и потреба да носи парчиња со предимензионирани силуети, но кај кои сепак првата импресија е женственоста.

Вообичаена препознатливост за Бекам е тоа што речиси без исклучок таа креира парчиња што и самата би ги носела, па впечатокот и за оваа ресорт линија асоцира на нејзиниот личен стил.

Она што е посебна карактеристика на оваа колекција е милитари естетиката што ќе ја препознаете преку изборот на камуфлирачки принтови и бои.

Макси панталоните, елегантните блејзери и плетените ролки се присутни и овојпат, а колекцијата е надополнета и со неколку џинс парчиња реферирајќи на нивната безвременост.

Носливоста е секогаш приоритет во колекциите на Бекам, а и во оваа ресорт линија дизајнерката направи успешен спој помеѓу практичниот и високоестетскиот дизајн.

Фото извор: Веб страна Викторија Бекам

Објавено:
16 јуни 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
351 пати