Миранда Кер лансираше кул колекција тексас парчиња

18 јануари 2017

Познатата светска манекенка Миранда Кер дизајнираше вкупно 12 тексас парчиња за нејзината нова колекција за брендот Mother Denim. 

Нејзината колекција се состои од претежно ретро тексас парчиња, но има и такви кои се сосема секси како кусите панталончиња и комбинезонот со гол грб. 

Покрај тексас парчињата, манекенката во колекцијата смести и лежерни и едноставни маички на куси ракави, темно сино блузонче, како и чевли на висока потпетица и интересни модни додатоци. 

Цените на парчињата од колекцијата се движат од 100 па сѐ до 325 долари, а дел од приходот од колекцијата оди во хуманитарни цели. 

Брендот за кој манекенката ја создаде колекцијата во соработка со здружението Royal Women’s Hospital Foundation парите ќе ги донира за предвремено родените дечиња и нивните мајки. 

Според влијанието што популарниот модел го има и супер парчињата што таа ги создаде, веруваме дека лимитираната колекција многу брзо ќе ја снема од продавниците.

Објавено:
18 јануари 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
321 пати
Извор: 
Fashion.hr