Модната куќа Валентино под палката на Марија Грација Кјури и Пјер Паоло Пиколи од елегантни вечерни фустани, полека, но сигурно се префрли на неодоливи етнографски комбинации.

Токму такви можевме да видиме на пистата на шармантната модна куќа, а она што особено радува е што сега нивните парчиња се како создадени и за дневни комбинации, особено кога се во прашање романтичните туники и макси фустаните.

Парчињата на Валентино се уште поубави кога ќе им се додаде некое од совршените палта со реси и светки од колекцијата, а уште помодерни кога врз фустаните ќе облечете кожен корсет.

Како и досега, дизајнерите употребија многу тантела во боја, свила, кожа, тул и што уште не, за на крај да се создаде една прекрасна целина.

Девојките веќе ги посочија своите фаворити, а сега е вистинско време и вие да го направите истото.

Објавено:
7 октомври 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
330 пати