Неодамна, хрватскиот портал Buro 24/7 ја посочи младата Лорета Гудељ како дизајнерка чија работа мора да се следи и тоа е дефинитивно така.
Нејзината последна колекција со прекрасни материјали и уште поубави бои е целосно инспирирана од Мексико, а веруваме дека ќе се вљубите во моделите од прва.
Инспирацијата таа ја црпи од раскошната култура на Латинска Америка што и може да се забележи во секој нејзин модел полн со приказни.
Новата колекција таа ја нарече Colores de Mexico, а таа во истата смести неодоливи летни фустани, здолништа со интересен крој, панталони од тантела, кошули со карнери, како и други елегантни и раскошни модели.
Латинска Америка има посебна вредност за дизајнерката бидејќи дел од животот таа го поминала токму таму, што и ја мотивирало да започне со креирање на сопствени колекции.
Кампањата е направена во соработка со фотографот Фрањо Матковиќ, а сликите користени за позадината се дело на уметницата Матеја Бабиќ која заедно со дизајнерката создаде нешто навистина интересно.
Изгледот на девојките е надополнет со впечатливи цветови на главата, едноставна и нежна шминка и сандали во супер бои кои се како создадени за топлите денови.
Погледнете ја новата колекција на оваа девојка која креира навистина фасцинантни модели.
Фото: Фрањо Матковиќ