Младешка разиграност во моделите на Патриција Пепе

10 мај 2013

Модниот бренд Патриција Пепе постојано воодушевува со своите интересни креации кои се совршени за оние жени и девојки кои имаат оформено свој став во поглед на модата. Во оваа колекција за пролет-лето 2013 ќе се заљубат оние припаднички на понежниот пол кои ја негуваат деловната елеганција на еден малку поневообичаен начин, кои не се плашат да носат живописни бои, впечатливи кроеви, но и оние кои имаат доза на романтика во себе и кои сакаат во нивниот стил да внесат кокетни парчиња со ретро призвук. Овој пат главниот акцент е ставен на пастелните бои за кои дизајнерката Патриција Бамби докажа дека одлично се комбинираат со принтови од различни епохи во минатото кои се провлекуваат низ целата колекција. Освен облеката посебно место заземаат и модните додатоци, воочливи се ѓерданите во јаки бои кои и обичната бела кошула ја претвораат во најслатка кутија со бонбони и чантите во форма на плик, но со интересни комбинации, бои, примероци со цел да се постигне холограмски ефект.

 

 

 

 

 

Објавено:
10 мај 2013
Категорија: 
Колекции