Младата дизајнерка Елена Велез, сака да шокира, да остави впечаток, да крене прашина, а токму тоа успеа да го направи со нејзиното шоу за време на модната недела во Њујорк.
Дваесет и осум годишната Велез, која е мајка на две дечиња, овојпат реши малку да ги извалка своите модели, па на крајот на ревијата се случи борење во кал.
Да, кал имаше насекаде, а дизајнерката успеа да ја изненади публиката. За некои тоа беше контроверзно, за други вистинска уметност.
Ексцентричноста е заштитен знак на Велез, а интересно е тоа што умешно ја комбинира со префинетост.
Таа уште минатата година го привлече вниманието на модната индустрија кога ја прими наградата за Emerging Designer of the Year, односно дизајнер во подем.
Она што восхитува кај Велес е несекојдневното спојување на метал и челик со нежни ткаенини како муслин и свила, креирајќи облека со уникатен идентитет.
Што беше пораката на борбата во кал не се знае, а и секој може да ја интерпретира различно.
Она што можеме да потврдиме е дека нејзината колекција пролет/лето 2024 ги спои модата и уметничкиот израз на многу невообичаен начин.
View this post on Instagram
Фото: Insatagram, Getty