Модна писта: Долче и Габана, пролет-лето 2013

28 мај 2013

Преку секое парче од пролетната колекција дизајнеркиот двоец Доменико Долче и Стефано Габана повторно се навраќа на сицилијанската култура, што е видливо буквално во секој принт на свилената облека или на марамите, додека пругите ги доловуваат пејсажите на медитеранските плажи и чадорите за сенка. Живописните фустани, здолништата и горните делови, везот и тантелата, но и хекланите детали се неизоставни елементи за надополнување на сицилијанскиот изглед. Од модните додатоци впечаток оставаат ретро очилата и лентите за коса, како и големите обетки со глави на црни жени кои предизвикаа контроверзност поради расистичкиот контекст. Долче и Габана во колекцијата вметнаа и кринолини направени од слама, кои можеби нема да најдат место во женскиот плакар, ама на пистата ја заокружија приказната за историјата на Сицилија.

 

 

 

 

Објавено:
28 мај 2013
Категорија: 
Колекции