Модна писта: Ели Сааб, пролет-лето 2013

25 април 2013

Во текот на Париската модна недела се претставија голем број дизајнерски имиња како што се Диор, Меквин и Валентино, ама женските срца редовно ги освојува либанскиот дизајнер Ели Сааб, кој и во пролетната колекција претстави романтични и егзотични фустани, со доза на гламур со вкус. Овие креации најдобро покажуваат зошто Сааб стрела директно во женските срца, а неговите креации ги носат светските ѕвезди Хали Бери, Бијонсе и Шарлиз Терон.

Објавено:
25 април 2013
Категорија: 
Колекции