Модна писта: Ирис Ван Харпен, висока мода, пролет 2013

11 јуни 2013

Холандската дизајнерка е една од оние творци што во својот моден израз внесуваат иновација, технологија и уметност. Нејзините дела ја надминуваат границата на модата. Во својата четврта колекција на висока мода прикажана на Париската модна недела Ван Херпен прикажа 11 неверојатни и екстравагантни парчиња инспирирани од електричниот напон на телото. Нејзиниот футуристички пристап се забележува и во материјалите од кои ги создава скулптуралните креации и употребата на ткаенини создадени со технологија на 3Д-принт.

 

 

 

 

Објавено:
11 јуни 2013
Категорија: 
Колекции