Модна писта: Paul&Jо, пролет-лето 2013

18 мај 2013

Што се случува кога ќе се спојат урбаниот лавиринт и хавајскиот одблесок? Погледнете ја новата колекција за пролет-лето 2013 на Paul&Jo за совршена, кул, работно активна и храбра жена.

 

 

 

Ова е модна линија наменета за сончеви денови, со примеси на спортска елеганција, шик и освежувачки елементи кои на колекцијата ѝ даваат една супер-кул димензија, од аспект на тоа колку е изненадувачки удобна за носење и модерна во исто време. „Ова е пред сѐ за жени кои сакаат да му дадат еден хавајски изглед на градскиот метеж“, вели дизајнерката Софи Албоу. „Таа е секси, интересен микс. Апсолутно прекрасна и заводлива“ .

 

 

Гледате во самите парчиња и едноставно велите „Ги сакам“! Нешто толку неодоливо, што просто не ти дава да го избереш омилениот стајлинг. Сѐ што е елеганција, стил па уште и максимална удобност со шик хавајски одблесок, топла палета на бои, е и добитна комбинација за оваа сезона.

Во својата линија колекцијата вклучува палта кои се дизајнирани да изгледаат толку тренди, што воопшто не прави разлика дали го комбинираш со фармерки, мини здолниште или панталони. Блејзерите може да се носат нагоре или надолу во зависност од приликата. Уникатна идеја за секој моден камелеон.

 

 

Оваа колекција исто така вклучува и костими за капење, макси фустани, сјајни панталони, шорцеви, џемпери со пастелни бои. Моделите изобилуваат со геометриски отпечатоци, цветни принтови, тропски мотиви и парчиња облека со металик сјај.

 

 

Објавено:
18 мај 2013
Категорија: 
Колекции