Модна револуција во Лондон: За прв пат прикажана plus – size колекција на модна недела!

18 септември 2014

На последниот ден од лондонската модна недела, се случи вистинска револуција во светот на модната индустрија.

За прв пат, во рамки на модната недела беше презентирана plus – size колекција, а честа ја имаше британскиот бренд Evans.

Колекцијата беше резултат на соработката помеѓу брендот и шест одлични дизајнери меѓу кои и Жил Деакон, Клементс Рибеиро, Хема Каул, Лулу Лиу, Џејми Веи Хуанг и Вита Готлеб кои завршија одлична работа.

„Ваквите колекции се многу значајни за пазарот и треба сите да се свесни за тоа. Не можете да ја игнорирате таквата побарувачка на пазарот или пак да се извинувате за тоа што сте направиле ваква колекција. Plus – size колекциите не смеат да бидат ништо поразлични од оние другите“, изјави директорката на брендот Evans, Фиона Рос пред почетокот на шоуто.

Веднаш по завршувањето на ревијата, Инстаграм беше преплавен со фотографии и позитивни коментари од блогерите и познатите личности што присуствуваа на ревијата.

Колекцијата беше составена од одлични парчиња, меѓу кои и лелеави фустани до колената, потоа транспарентни парчиња, прекрасни свечени и светкави фустани, потоа здолништа до колената комбинирани со спортски блузони, но и тренди и модерни обувки.

Сите девојки што излегоа на пистата беа навистина прекрасни и постојано насмеани и на еден сосема поинаков, реален начин ни ја прикажаа plus – size модата што ќе биде актуелна следната пролет.

Објавено:
18 септември 2014
Категорија: 
Колекции