Модна свежина во чекор: Пролетната колекција 2021 на Кристијан Лубутан

18 март 2021

Пастелни бои, романтични модели - пролетта на Кристијан Лубутан е обоена во боите на свежината. 

Кампањата е фотографирана небаре на облаците, а класичните чевли на високи потпетици, Мери Џејн моделите и сандалите се обоени во корална, јака жолта и тиркизна боја.

Колекцијата содржи и машки модели на чевли и патики.

Објавено:
18 март 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
445 пати