Модната недела од Лондон се сели во Милано

18 септември 2013

Светот на модата ги спакува куферите и од Лондон се сели во Милано. Токму таму, од денеска па се до 23 – ти септември ќе се одржи миланската модна недела.

Она на што сите се радуваат е веста дека покрај веќе познатите светски дизајнери што ќе учествуваат на модната недела, оваа година ќе имаме можност да уживаме и во новата и долгоочекувана колекција на Прада.

Светски познато е дека Прада ги обединува модните трендови и го наметнува она што ќе се носи следната сезона, па токму поради тоа, во четврток сите погледи ќе бидат свртени кон Мучиа Прада.

Милано цела недела ќе биде центарот на светската мода и ќе понуди неверојатни колекции со оглед на тоа дека годинава ќе се појават имиња како Гучи, Фенди, Роберто Кавали, Долче и Габана и секако Версаче.

Светот има големи очекувања од оваа модна недела, бидејќи дизајнерите од овој калибар се очекува да понудат секси и неповторливи колекции за пролет/лето 2014.

Во сабота, на сцената настапува единствениот Џорџо Армани, кој ќе ја претстави својата нова заштитничка Стела Џин, што тој ја избра да биде првата жена дизајнер која ќе претстави колекција на неговата писта.

Уште една ревија на која многумина се радуваат е онаа на Dsquared, познати по нивните разиграни и шарени модни писти. Токму Dean и Dan Caten, ќе приредат шоу за паметење во Милано на самиот почеток на модната недела, односно денеска.

Објавено:
18 септември 2013
Категорија: 
Колекции