Модното дуо од Австралија „Зимерман“ неодамна ја презентираше својата Ресорт колекција. Летото и нивната земја беа инспирацијата за парчињата кои веројатно секоја жена би ги посакала во својот летен плакар.

А дури и да не ја обожавате нивната естетика, веруваме дека овој пат би нашле нешто што ќе ви го привлече вниманието, бидејќи обединуваат повеќе естетики.

Од романтични парчиња, преку еклектични, до монохроматски и сафари изгледи, „Зимерман“ погодија во сржта на она што се подразбира под летна естетика.

Лелеави материјали, принтови и дезени во ведри бои, неизбежните бели комбинации, доза на сјај и луксуз преку синџир-ремените, а посебно внимание ни привлекоа модните додатоци - ремените и чантите кои не се, но изгледаат како да се направени од слама. 

Самите оваа колекција ја нарекуваат како летна разгледница и навистина е така - разгледница која прикажува една интересна модна приказна исполнета со многу бои, многу стилови, комерцијални, а сепак ни малку здодевни.

Горди на тоа од каде потекнуваат, нивната разгледница привчно е од Австралија, што и јасно го кажуваат и преку моделите, но со порака дека креациите што ги создаваат се идеални за лето без разлика каде се наоѓате и го поминувате одморот.

Сите парчиња погледнете ги во галеријата на почетокот од текстот и фантазирајте си малку за одморот што ви претстои :)

 

Објавено:
18 јуни 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
696 пати
Тагови: 
Зимерман