Модниот космополитизам на Зара

6 декември 2014

Познатиот шпански бренд Зара после лансирањето на својот BASIC лукбук, лансираше уште два нови лукбук-а. Првиот се однесува на нивната TRF линија, а вториот е целосно посветен на вечерните изгледи со кои ќе треба да ги засените сите во овој претпразничен период.

Доколку сте во потрага по совршен модел на бунда оваа зима, време е да фрлите поглед кон TRF линијата на Зара која вклучува фантастични модели во прекрасни пастелни загасити нијанси. Девојките кои се облекуваат во Зара се секогаш модерни, тренди и кул.

Ретро призвукот кој суптилно градира низ новите модели од колекцијата одлично се вклопува со секоја прилика на сечие секојдневие. Освен бундите кој се „must have“ за оваа сезона, линијата вклучува и ролки, искинати фармерки и панталони со висок струк, фустани со впечатливи дезени, капути и кошули.

Во пресрет на божиќните празници и забави, Зара на својата онлајн страна го објави и новиот лукбук посветен на вечерните изгледи. Со цел да ги задоволи модните вкусови на дамите ширум светот, модната куќа одлучи во празничниот лукбук да им даде фокус на темните тонови и дизајни со богати преливи на светки.

Моделите варираат од темно сини, беж, сиви и нормално црни бои. Изгледот на парчињата е инспириран од 1970 – тите години, а особено маркантни се коктел фустаните во А- крој со ѕвонести ракави на кои има аплицирано реси. Андрогените комбинации се исто така актуализирани за сите вљубенички во машката силуета. Доминантен материјал е кадифето кое заедно со кожата се задолжителна компонента во кројот на нови модни парчиња.

Раскошот и луксузот со кој пленат овие ткаенини, а особено во кадифето, според дизајнерските идеи се вистинскиот избор за сите дами кои сакаат да бидат заводливи во најлудата ноќ во годината. Низ целата линија се чувствува влијанието на она што го дизајнира Хеди Слиман и Сен Лоран.

Објавено:
6 декември 2014
Категорија: 
Колекции