Монохроматска игра на Виктор и Ролф за есен 2013

14 ноември 2013

V&R

Есенската колекција на познатите дизајнери може да се рече дека беше поделена во три дела. Во сите доминираа монохроматските бои, само што нивнта комбинација беше различна. Од црни и подеднакво распределени црно-бели комбинации, преку црно-бел дезен на костуми до креации, претежно кошула-фустани во бела боја, со црни детали, се што може да се види кај нив е носливо.

Особено внимание привлекова здолништата и јакните од кожа. Она што ја одбележа целата колекција е и панделката како моден детаљ кој одлично се вклопи во повеќе различни парчиња.

Кога се чевлите во прашање, модната двојка се одлучи за ниски чевли, претежно лаковани и во црвена боја, која и од една страна и даде свежина на колекцијата, а од друга ја зголеми динамиката.

Во продолжение погледнете ги сите парчиња и одберете си го фаворитот.

 

Објавено:
14 ноември 2013
Категорија: 
Колекции