Москино есен 2021: Со фантастична презентација, Џереми Скот ги собра иконите на едно место

26 февруари 2021

Таман помисливме дека Џереми Скот не може да се надмине себеси во однос на минатогодишната презентација со марионетите, тој ја презентираше и новата колекција за есен-зима 2021.

За таа цел ги собра на едно место најголемите ѕвезди на денешницата, Хејли Бибер, Дита вон Тис, Миранда Кер, Вини Харлоу, Амбер Валета, Карен Елсон, Џоан Смалс, позираа во бизнис парчиња, парчиња за одмор во село, за прошетка во музеј, за во театар.

Колекцијата го носи името Jungle Red и удобноста како поим не е нејзин лајтмотив, бидејќи според  Скот смета дека сега, повеќе од кога и да е претходно, потребен ни е гламур во животот.

Објавено:
26 февруари 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
288 пати
Тагови: 
Москино