Мрачната страна на приказните: Инспирација за најновата колекцијата на Диор

9 март 2021

Земајќи ги сказните како движечки мотив за колекцијата есен-зима 2021, Марија Грација Кјури претстави богат избор парчиња и комбинации на Модната недела во Париз. 

Парчињата изобилуваат со темен, богат и јак колорит, но повпечатливи се примесите од сказните на Браќата Грим и Ханс Кристијан Андерсен кои се вметнати во гардеробата. Црвени наметки со качулки како во Црвенкапа, големи бели јаки и мини фустанчиња со истакнат струк налик на престилки како во Алиса во земјата на чудата. Од истата приказна потекнува и инспирацијата на срцевидната црвена тоалета од тул која се појавува на крајот од ревијата.

Црвените чевлички кои надополнуваат неколку изгледи, потсетуваат на оние од Волшебникот од Оз. Сетингот потсетува на некои мрачни сцени од Убавицата и Ѕверот, а самата колекција ги рефлектира моментите од приказните, токму онакви какви што оригинално се - мрачни, таинствени со длабоки морални пораки.

Животинскиот принт, шаховската табла како мотив, свилените марами за на глава, New Look здолништатат специфични за Диор, кадифе, тул, крзно - колекцијата ги има сите елементи на кои сме навикнати, спуштени за еден тон подолу во однос на гламурот, а со акцент на удобноста.

Видео претставувањето на колекцијата е снимено во замокот Версај, во Салата со огледала. Креативната директорка за потребите на снимањето ги замаглила стаклата на огледалата. Таа вели дека дома има само еднo огледало, кое воопшто и не гокористи и смета дека пораката која колекцијата треба да ја пренесе е: Ако сакате да го градите својот идентитет, не гледајте се во огледало. Колекцијата го носи името Disturbing Beauty.

Објавено:
9 март 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
190 пати