Наим Кан Ресорт 2020: Инспирација за летни свечености

26 јуни 2019

Доколку летово ве очекува некоја важна свеченост или едноставно сте љубител на светки и боја, тогаш сме сигурни дека новата ресорт колекција на Наим Кан ќе ви го привлече вниманието.

Индискиот дизајнер овој пат предност им даде на макси фустаните што ја следат линијата на телото. Со ракави или без, со длабоко V-деколте или пак сосема затворен преден дел, тој ги нуди и двете опции.

Диско комбинациите се и повеќе од впечатливи, а освен светките и тантелата е доминантен материјал од кој се изработени раскошни креации, како и сатенот, односно свилата.

Она што посебно ги прави привлечни се пастелните нијанси и цветните везови, кои даваат посебно нежна и женствена нота на креациите.

За оние што не преферираат фустани, има и неколку комбинации со панталони - со блуза, односно долга наметка.

Што и да ви го привлече вниманието, едно е сигурно - се работи за колекција која подразбира луксуз, впечатливост и богати креации, во што дизајнерот останува доследен, но како ќе рече, во комбинација со материјали кои ќе овозможат леснотија при носењето.

Погледнете:

Објавено:
26 јуни 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
750 пати
Извор: 
WWD