Најновата колекција на дизајнерот Игор Пачемски ќе биде презентирана во Париз

21 јули 2021

“Noblesse Oblige“ e  специјализиран бренд за долна облека оформен од дизајнерот на култната лондонска луксузна марка “Yes Master“ Игор Пачемски, кој се стекна со застапништво во Велика Британија од агенциите на Philippa Bradley и BBY од Токио.

Најновата , тукушто лансирана 15-та по ред колекција од овој бренд за сезоната пролет/лето 2022 е насловена како “Алиса во Еко Земјата на Чудата“ и  како искучителен престиж во овој сегмент на модниот пазар ќе биде презентирана во Париз на Exposed саемот на Riviera како еден од 40-те селектирани брендови кои за прв пат во историјата ќе бидат преместени од саемот за долна облека во саемот за мода.

За истата е изготвен и едиторијал, преку кој е пренесена познатата приказна со акцент на одржливоста. 

„Брзањети ба зајакот“

 Дел чајанката на Лудиот Шапкар, дел Лето на љубовта, колекцијата замислува одмор на брегот на локалното езеро при скусено ниво на јаглерод диоксид и зголемена возбуда предизвикана од добро локално вино, крваво портокалови зајдисонца и психоделични ноќни неба.

Колекцијата ја достигнува новата мантра на брендот: наследство, органско, одржливо, рециклирано, преку користење на Tana Lawn принтови од култниот Liberty на кои има калеидоскопски пеперутки, Боуви-ескни небесни paisley од 70тите и розите на шаховска позадина карактеристични за брендот, искомбинирани со органски тантели во комплементарни бои и рециклирана спортска облека.

„Здогледав зајак“

Останувајќи верен на позитивниот став кон телото и филозофија на вклучување и прифаќање во корените, колекцијата е навистина специјален подарок за секоја жена и нуди врвен, исклучителени оргинален дизајн по кој Пачемски е препознатлив на интернационалната модна сцена.

Имајќи предвид дека кариерата ја започнува и развива надвор од Македонија, може да се рече дека неговото име не е доволно препознено во локални рамки. Игор Пачемски, основач на брендот „Yes Master Lingerie“, родум од Македонија, со долгогодишно седиште во Лондон и дестинации како Њујорк и Софија , исто како и неговите модели има необична приватна и професионална приказна . Иако првично насочен да биде научник и истражувач оформувајќи го своето образование во Англија студирајќи квантна хемија, љубовта кон дизајнирањето на долна облека ја открива во периодот додека работи во „Coco de Mer“. Својата наклонетост кон модата и желбата да егзистира од неа ја реализира со основањето на брендот „Yes Master Lingerie“ во 2005година. Првата колекција си го наоѓа патот до „Henry Bendel“ во Њујорк. Во годините кои следат продажните места се шират на три континенти.

„Пад во зајачка дупка“

Оваа понуда во моменов ја нема на домашниот пазар, но тимот на дизајнерот вели дека во најскоро време и македонската жена да може да ужива во овие посебни парчиња креирани за софистицирани индивидуи со доволно интелект да го разберат суптилниот хумор на овој дизајнерски потпис.

„Префинетоста на материјалите со врвен квалитет исто така ги издвојува од мноштвото. А за да им се радува и ужива во овие модели жената не мора да е конвенционално идеално градена. Едноставно треба да е своја“, порачуваат од брендот.

„Испиј ме“

„Изеди ме“

„Близнаци“

„Сина Гасеница“

„Мачката во шумата“

„Чајанката на лудиот шапкар“

„Партија шах“

„Бели ружи - црвена кралица“

„Фламинго крикет“

„Победата на белата кралица“

„Сладок небесен сон“

„Разбуди се Алиса“

„Се' беше само сон“

 

Дизајн: Игор Пачемски
Колекција: Noblesse Oblige X Liberty
Продукција: Анастасија Богдановска/Живко Лозанов
Арт директор: Анастасија Богдановска
Стилист: Снежана Богдановска-Сани
Шминка: Ива Петковска
Фризура: Ирена Сенокозлиоска
Модел: Андреј Пајмаковски
Моделка: Сара Дамчевска
Фото: Александра Костадиновска
Локација: Вила Елен Камен

Објавено:
21 јули 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
637 пати
Тагови: 
Игор Пачемски