Најновата колекција на Оскар де ла Рента мириса на цветови и преку фотографија!

4 март 2021

Експлозија на бои, совршен склоп на цветови и фантастично разигран едиторијал. Најновата колекција на Оскар де ла Рента е резервирана за есен/зима, но дрско му пркоси на глобалното тмурно расположение. 

Фустани со А крој и средна должина во смели нијанси на шеќерна розова, виолетова, жолта, црвена и зелена ја сочинуваат есенската понуда на дизајнерското дуо Лаура Ким и Фернандо Гарсија кои работат под потписот на докажаниот Оскар де ла Рента. 

Колекцијата ја отвори беспрекорно парче коктел мини фустан навезен со совршен спој на шарени цветови, со долги ракави.

Макси фустаните во бела боја со црни детали воведуваат малку есенска свежина, како и  неколкуте костуми и комбинезони со совршен крој кои ја истакнуваат женската фигура.

Но, светлото сепак го заземаат оние неколку креации каде движечки мотив е сончогледот со својата јака жолта боја.

Објавено:
4 март 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.943 пати