Најновата колекција на Ралф Лорен мириса на носталгично патувачко лето

31 март 2021

Со изведбата на Жанел Моне, на All or Nothing at All од Френк Синатра, Ралф Лорен ја претстави својата колекција за пролет- лето 2021. 

Блејзерот со совршен крој

Тотално во стилот на Лорен, колекцијата е одисеја за сите летувања, прошетки и зајдисонца кои ги пропуштивме минатата година. 

Белите панталони се must have за лето

Неговиот американски шарм се проткајува низ целата колекција како заштитен знак. Совршено скроените блејзери во тегет и кафени варијанти, блескаво белите кошули, контрастните комбинации на бело и црно, цветниот бел принт во фустаните кои ја отсликуваат женската фигура се само дел од изгледите кои пленат. 

Минимализмот како врвна естетика се наоѓа во деталите

Бретон пруги со бели панталони, точки со здолништа со плисе и по некој елегантен комбинезон. 

Бретон пругите се неопходен елемент од секоја летна колекција

Машкиот дел од колекцијата е подеднакво привлечен и едноставен како и женскиот што е неспецифично за Лорен, но како добро освежување и соодветствува на периодичната рамка. 

Белиот цветен принт пресликан на елегантните летни фустани Лежерен и елегантен е и машкиот дел од колекцијата

 
Објавено:
31 март 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
559 пати