Откако колекцијата црни костими беше прикажана на Bipa Fashion.hr, хрватскиот моден бренд Mateyaneira повторно нè радува со нови парчиња, овојпат во боја.
Брендот ја задржува строгата форма на кроевите, а нуди разни модели во јаки бои, неверојатно стилски и шик, совршени за посебни пригоди.
Во текот на нивната работа, дизајнерите од брендот сакаат да го потенцираат квалитетот на женските костими работени по мерка, комбинирано со суптилен сексапил.
Овојпат, колекцијата е инспирирана од стилот на 80 – тите и најдрагата модна икона од тоа време, принцезата Дајана, односно нејзиниот приватен стил одбележан со палта со нагласени рамена, женствени костими и панталони со висок струк.
За последната колекција, брендот сними и едиторијал на кој работеше познатиот хрватски фотограф Фрањо Матковиќ, а заштитно лице е убавата манекенка Лаура Квартуц.
По една година постоење, брендот конечно го отвора и своето прво студио в Загреб, каде ќе бидат изложени сите модели од досегашните колекции.
Извор и фото: Fashion.hr