•
12 февруари 2022
Оливие Рустенг за новата пролетна кампања на Балман, направи одличен кастинг спојувајќи пет фантастични дами во модниот свет: Наоми Кембел, Карла Бруни, Лара Стоун, Мариакарла Босконо и Адут Акеч.
Петте убавици позираат во секси и женствени парчиња од летната колекција на Балман која беше промовирана во септември, а сега во пресрет на сеозната, за истата е реализирана и кампања зад која се потпишува фото дуото Мерт и Маркус.
„Пораката на новата колекција што ја прикажавме во септември, е многу лична, полна со радост за новите почетоци", вели Рустенг за колекцијата за сезоната пролет-лето 2022.
Како што додава дизајнерот, оваа колекција и е посветена на новата „армија" Балман девојки, кои се динамични, поинакви и со револуционерен дух.