Неодоливи креации во новата колекција на Burberry Prorsum

22 мај 2015

Кристофер Бејли знае како да ги разгали сите жени што ги обожуваат неговите дизајни за модната куќа Burberry Prorsum.

Неговите клиентки секогаш знаат што може да очекуваат од него и секако, знаат дека ќе го добијат најдоброто.

Дел од неговата последна cruise колекција за 2016 – та, се неверојатно добри парчиња, меѓу кои и тантелни фустани, добро познатите романтични мантили и секако, модни додатоци во кои се заљубивме на прв поглед.

Како и во последната колекција, Бејли повторно си игра со материјалите и текстурите на истите. Како основа повторно ја користи неговата омилена и популарна тантела во комбинација со поцврсти материјали со што креира вистински професионален контраст помеѓу романтичната и моќната страна на жената.

Во продолжение во галеријата погледнете ги сите модели од неговата нова колекција на кои знаеме дека нема да останете рамнодушни!

Објавено:
22 мај 2015
Категорија: 
Колекции