Последната вечер на скопскиот Моден викенд имаше чест да ја отвори модната куќа од Москва, NbyZ.

Пред скопската публика тие се претставија со колекцијата Something else, составена од здолништа, блузи и палта, за актуелната сезона.

-Колекцијата е наменета за жени кои заминуваат во шопинг оптоварени од план и идеја што треба да купуваат. Нашата модна куќа ги спои парчињата и за нив направи избор во кој може да се пронајде секоја жена со стил -  вели дизајнерката Наталиа Злодјарева  од „N by Z“.

Наталиа Злодјарева

Златестите нијанси доминираа, а особено вниманието ни го привлекоа плисираните здолништа и фустанчиња.

Објавено:
26 октомври 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
420 пати