Несовршените моменти од писта се неизбежни

23 јануари 2014

Самото учество на престижните модни недели за едно дизајнерско име, е доволен доказ дека тие значат многу во светот на модата. Секако, секој од нив се труди на писта да го произнесе најдоброто од креациите, се разбира со помош на манекенките кои треба да посебен начин да го износат моделот на пистата. Но, не секогаш оди се во најдобар ред, секоја манекенка е живо суштество, а не ретко им се случува да се сопнат и да паднат на пистата.

Високите потпетици, платформите, мазната и лизгава површина по која чекорат, се најчестите причинители во шоуто ненадејно да се случи неочекуваното. Како вистински професионалци, манекенките умеат да се носат со падот и да продолжат на писта како ништо да не било. На модните недели од висока мода ваквите моменти се најчести пореди комплицираноста на креациите како и неудобноста на обувките.

На последната ревија од висока мода на Ели Саб една од манекенките се сопна и се струполи на писта. Секако ваквите моменти никако не им бегаат на фотографите, а фотографиите веќе следниот ден се едни од најактуелните.

Во продолжение ви презентираме плејада од вакви фотографии на кои ќе видите превиткани зглобови, искривени пози, збунувачки изрази, но и насмевки од лицата на манекенките.

 

Објавено:
23 јануари 2014
Категорија: 
Колекции