Неверојатната креација на Ирис ван Херпен инспирирана од габите

3 февруари 2021

Холандската дизајнерка Ирис Ван Херпен се претстави минатата недела во рамки на Неделата на  Висока мода во Париз. Креациите никого не оставија рамнодушен, а беа во препознатлив стил на дизајнерката. 

Без разлика што станува збор за висока мода, Ван Херпен не го изостави и одржливиот момент од колекцијата, па за нејзиното создавање соработуваше со Parley for the Oceans. 

Колекцијата е инспирирана од Entangled Life, книга за габите. Кинеската актерка Фан Бингбинг за потребите на едно списанија позираше во една, можеби најубавата креација од целата колекција, која го носи името Roots of Rebirth - „Корени на повторното раѓање“.

Објавено:
3 февруари 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
165 пати