New Look за мажи за есен-зима 2013/14

20 септември 2013

3

Популарниот моден бренд New Look за сезоната есен-зима подготви одлична колекција за урбаните мажи. Претстојната сезона ќе биде многу удобна и топла за посилниот пол, а освен високиот комфор, New Look за мажите создаде и парчиња облека што изгледаат кул и можат да се комбинираат на разни начини.

Во колекцијата можат да се пронајдат речиси сите облици и модели на јакни, од тексасни преку кожени па се до шушкавци, елеци и капути.

Колекцијата е надополнета со бои во различни бои и карирани кошули, а за нешто поелегантните пригоди има и класично кроени одела.

Погледнете ја новата New Look колекција за есен-зима 2013.

Објавено:
20 септември 2013
Категорија: 
Колекции