Нежноста и гламурот во центарот на ревиите на Армани и Сергеенко

22 јануари 2014

3 den

Покрај Шанел, ревиите на Улијана Сергеенко, Вионет, Armani Prive, се дел од оние што го одбележаа третиот ден од неделата на висока мода што се одржува во Париз.

Вчерашната ревија на Армани беше дел од „One Night Only“ прославата на брендот во Париз. Освен шоуто, љубителите на дизајнот на куќата можеа да уживаат и во изложба, а беше организирана и гламурозна вечера.

Несоменено дека Армани го задржи нивото во сите сегменти, вклучувајќи ги и трендовите за пролет-лето. Елегнција и гламур зрачат од секој модел, а посебен „шмек“ се ориенталните ноти, претставени преку турбаните, принтовите, детаљите и изборот на материјали, меѓу кои доминираше свилата.

Armani 14

Токму таа беше одличен избор за „пижама“ оделата, блејзерите и пенкало-здолништата. Од друга стран, фустаните беа прикажани во свето совршенство, особено ако го гледаме потенцијалот за црвен килим. Суптилни во формата, но развиени во конструкцијата, фустаните го имаа препознатливиот печат на Армани.

Armani 53

Гламурот на Ориент експрес беше водечката линија во колекцијата на Улијана Сергеенко. Иако дел од моделите имаат и машка нота, женственоста и софистицираноста се во преден план. Корсетите се исто така доминантни, а жената која таа сака да ја претстави преку оваа колекција би била филмска ѕвезда, femme fatale. Секое од парчињата е изработено во Русија, а се користени свили и памук. Модните детали се рачни изаботки и посебно се вклопуваат во севкупната замисла на ретро елеганцијата.

Sergeenko 5

Своја ревија вчера имаше и Вионет зад чии креации стои Хусеин Чалајан, како и Оскар Карвало, кој понуди една весела, по малку карневалска визија за пролет-лето 2014, Леџендс...а денеска ќе биде не помалку возбудлив ден, бидејќи ќе се претстават Мејсон Мартин Марџела, Ели Саб, Жан Пол Готје, Валентино, Виктор и Ролф...

Објавено:
22 јануари 2014
Категорија: 
Колекции