Нова колекција на Reserved - да посакаш да дојде есен!

22 август 2019

Календарски есента ни се доближува. За оние што се вљубени во летото ова можеби не е најсреќната вест, особено ако не сакате слоевито облекување.

Сепак, новата колекција на брендот „Reserved“ ќе направи да посакате да дојде есен.

Искористени се очекуваните беж, златни и кафени нијанси, но сепак комбинациите што ги нудат се навистина привлечни.

Сомот, волна, памук се главните материјали, а во комбинација со џинс и кожа. 

Севкупната атмосфера на лукбукот, како и на повеќето комбинации има ретро нота, но сепак одлично се вклопува и во актуелните трендови.

Впечатливо е присуството и на цветните бохо фустани, како и на комплетно белите комбинации.

Reserved ја дополнува колекцијата со модни додатоци во истите нијанси, а посебно место имаат марамите, кои ги имплементираат речиси на сè, па дури и на чизмите.

Ролки, волуменозни кошули, класични панталони, одела, штепувани јакни -  сите овие парчиња ја сочинуваат новата колекција, веќе познати и очекувани, но сепак крајниот резултат се парчиња  кои посакуваме да ги имаме во нашиот плакар.

Ви се допаѓа ли?

Објавено:
22 август 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
3.458 пати