Нова линија капути ЕЛЕНА ЛУКА - Сите must-have трендови на едно место!

22 октомври 2021

ЕЛЕНА ЛУКА има нова линија капути која уште на прв поглед ни го привлече вниманието и со вас ги споделуваме впечатоците и причините зошто капут од кај нив ќе биде вистинскиот избор. Инаку дел се од колекцијата Зима '21, каде како велат, обединуваат светски трендови, а со домашен потпис.


Елегантен, префинет и квалитетен капут е навистина безвременска инвестиција, круцијална во зимскиот гардеробер на секоја жена. Добриот крој, материјал со загарантиран квалитет и перфектна изработка, се базичните карактеристики на ова парче за сите времиња. Затоа наша препорака за беспрекорен избор се моделите од новата линија капути на етаблираниот македонски моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА.

Оваа сезона одлучија да ги израдуваат своите купувачи со нови модели, за секоја жена - без разлика на  возраста, стилот и обликот на телото!

И овој пат се поведоа од тоа да направат спој на дизајнерски израз, актуелни тенденции и безвременост и создадоа капути изработени од волна, кои овозможуваат топлина и удобност при носењето.

Она што нам ни се допадна е што сите нови модели имаат внимателно одбрани детали со што даваат дополнителна доза впечатливост и можност да бидете различни, а сепак во рамките на  својот моден вкус и естетика. Се внимавало на уникатно дизајнирани копчиња со амблемот на модната куќа, на беспрекорна линија, на рачно везени елементи, на крој кој ќе прилега на секое тело - а ова само покажува со колку љубов и посветеност се изработени парчињата со цел во нив да може да се пронајде секоја дама.

Во најновата линија капути, модната куќа ги имплементира најголемите трендови и дава можност за избор, а нема жена на која тоа не ѝ се доаѓа, зар не?.

Каков избор да направите?

 

Капути со кризнени детали за дамски изглед

Без разлика на актуелните тенденции, капутите со строга линија и крзнени детали секогаш ќе бидат актуелни и привлечни. Елеганцијата и дозата луксуз која ја овозможуваат со својата естетика е нешто што вреди да го имате - и за секојдневни и за посебни пригоди.

Моделите се достапни во две нијанси, беж и сива, со текстура на рибина коска - и двете универзални и секогаш актуелни, идеални за многу комбинации.

Можете да изберете модел со крзно во делот на реверите, кое е мобилно и сами да одлучите кога да го носите. Или пак, можете да го изберете моделот кој има крзнени елементи во делот на ракавите и секогаш да имате дамски детаљ кој ќе ви го збогати изгледот. Се работи за еко-крзно со што македонскиот бренд уште еднаш покажува дека ги почитува начелата за еко/одржлива мода.

Достапни се во две должини - краток и подолг, а ќе ви се допадне тоа што можете да го носите со или без ремен и на тој начин да го прилагодите на вашето тело онака како што најдобро се чувствувате.

 

Капути во свежи бои за трендовски изглед

Ова е еден од најдоминантните трендови сезонава, а ЕЛЕНА ЛУКА секогаш ги носи светските тенденции дома. Се работи за долги капути достапни во сончева жолта, топла портокалова, нежна сива или богата темносина нијанса.

Со џебови, ремен кој се протнува низ внимателно поставени гајки во интересен облик, со широка јака и ревери и должина под колена - овие капути ќе го разведрат вашето секојдневие во месеците што претстојат. Ако на тоа ја додадете и топлината која ја даваат и беспрекорната линија која ја имаат, ова ќе биде вашето омилено зимско парче.

 

Капути со уникатни детали за впечатлив изглед

Секој од нас има денови кога сака да се издвои од толпата, кога сакаме да имаме нешто што на друго место не може да го најдеме, тогаш веруваме дека и овој модел ќе ви го привлече вниманието. На ракавите има рачно пришиени елементи од монистра, кои веднаш ќе ги забележите и кои му даваат посебен дизајнерски израз. Фалтите во долниот дел, овозможуваат комоција и убава женствена линија. Дополнително, капутот има дизајнерски копчиња, со амблемот на ЕЛЕНА ЛУКА, што само го потврдува фактот дека секој детаљ е внимателно дизајниран и осмислен, за вие да имате пачре што ќе се разликува од сè она што имате можност да го видите во сезонава.

Тука не завршува понудата на ЕЛЕНА ЛУКА.

За оваа зима ви подготвија и фантастично кратко пелерина-палто, во богата зелена боја, една од најактуелните сезонава, на која нема да ѝ оддолеете. Тука се и подолгите дизајнерски пелерини во неколку бои, како и бунди со мошне интересна естетика која вклучува различни текстури, материјали и бои, како и зимските јакни!

Секој од овие модели за кои зборувавме, можете да ги комбинирате со деловни комбинации, или пак женствени -фустани, здолништа, како и полежерни со фармерки, џемпери...

Нема потреба да одите на друго место, ЕЛЕНА ЛУКА ги има сите трендови на едно место.

Комплетната понуда, можете да ја видите во нивните салони во Скопје и Струмица, како и на онлајн страната elenaluka.com.

На вас е само да го одберете омилениот - а сигурни сме дека нема да е само еден!

Дочекајте ја зимата со ЕЛЕНА ЛУКА!

 

 

Објавено:
22 октомври 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.310 пати