Она што секоја дама треба да го има во својот плакар се неколку шармантни парчиња во неодоливи бои изработени од најфини материјали во кои ќе блесне на сите специјални пригоди.

Токму вакви парчиња во новата, ready to wear есенска колекција смести етаблираниот моден бренд Елена Лука во кои знаеме дека ќе се вљубите на прв поглед.

Станува збор за колекција составена од неколку уникатни парчиња во неверојатно нежни бои со кои ќе ги одбележиме последните топли денови пред да се препуштиме на студената зима.

Луксузниот македонски бренд овојпат нѝ претставува романтични фустани, уникатни и впечатливи палта, здолништа со интересен крој, неодоливо лежерни кошули и свечени парчиња во кои ќе посакате да ги поминете сите новогодишни забави.

Покрај интересните и свежи кроеви кај сите парчиња, она што е впечатливо и доминантно се боите кои знаеме дека ќе ги обожавате, а уште повеќе комбинациите од истите.

Најголем дел од фустаните се во нежна пудра боја соодветна за секоја дама кога сака да се издвои од толпата и да блесне во нешто сосема поинакво. Истите се наменети за посебни пригоди, но дел од нив можете да вметнете и во вашите секојдневни стајлинзи комбинирани со високи потпетици и палто од големата понуда на брендот.

Елена Лука овојпат ви претставува и комбинација од нијанса на мента и неодолива корална боја доловена преку елегантните кошули изработени од високо квалитетен жоржет комбинирани со здолништа со висок струк и карнер во долниот дел.

Вистинска атракција се и впечатливите и уникатни фустани со должина до под колената, суптилни отвори од страните и длабоко деколте што ќе ве направи уште поженствена.

 

Секако, во време кога девојките обожуваат впечатливи палта со интересен крој, модната куќа ви претставува токму такво, во интензивна корална боја со нагласени рамена и странични џебови во кои ќе посакате да ги минете сите есенски денови.

Како и секогаш, Елена Лука не заборави ниту на големите обожавателки на модни додатоци, па така во колекцијата смести и чанти изработени од висококвалитетна италијанска кожа наменети за деловните дами, но и за оние девојки кои се вљубени во црните мини чанти со интересни ремчиња.

Сите парчиња од колекцијата се веќе изложени во ателјето на модната куќа во Капиштец, а за повеќе детали истите можете да ги погледнете и нарачате преку онлајн продавницата на следниот линк

Објавено:
26 октомври 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
504 пати