Африка навистина послужи како инспирација за новата колекција и кампања на модната куќа Валентино од каде повторно доаѓаат најубавите креации за пролет/лето 2016.

Дизајнерското дуо Мариа Грациа Кјури и Пјерпаоло Пичоли повторно ги почестија нивните обожаватели со фасцинантни парчиња на кои овој пат им дадоа поинаква димензија со одличниот едиторијал снимен во мистичната Африка.

Фотосесијата е направена во националниот парк Амбосели од единствениот Стив Мекјури, инаку прв фотограф на магазинот National Geographic.

Овој пат, на девојките на Валентино им се придружија и припадници на племето Масаи во нивните препознатливи облеки што совршено се надополнија со парчињата на модната куќа.

Како и секогаш, колекцијата на Валентино е преполна со неодоливи фустани со етно принтови, парчиња во совршено јаки бои, фантастични мали и големи чанти и што уште не.

Во стилот на африканските племиња, стилистите се одлучија за минимална шминка и плетенки за кои се најавува дека ќе бидат огромен хит годинава.

Уживајте во одличните и уникатни фотографии!

Објавено:
11 јануари 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
380 пати