Новата колекција на Балман комбинира геометрија, колор-блок и футуризам

27 септември 2019

Оливие Рустенг, еден од омилените млади дизајнери што веќе деветта година по ред е креативен директор на Балман, ја презентираше својата нова колекција за пролет-лето 2020 на Модната недела во Париз.

Како што и самиот сака да ја нарекува, неговата армија на Балман девојки ги владее модните улици со години, а според тоа што прикажа на писта на Париската модна недела, така ќе продолжи и следната пролет-лето сезона.

Препознатливоста на неговиот дизајн секогаш добива нови форми, но ја задржува есенцијата. Овој пат акцентот е на колор-блок комбинациите, геомертиските линии, футуризмот и играта со асиметричните кроеви.

Увертирата во колекцијата е црно-бела, со по некој глитер елемент што ѝ дава диско нота, но како се развива приказната, добива на интензивен колорит, па преминува во богато обоена, забавна и игрива.

 

Објавено:
27 септември 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
270 пати