Новата колекција на Диор есен 2022 инспирирана од украинскиот фолклор и „Дрвото на животот“

5 јули 2022

Кога украинската уметница Олесија Трофименко се претстави со својата колекција оваа пролет, на Марија Грација Кјури ѝ стана јасно дека везот влече потекло од украинската народна носија. Кјури веднаш пројави интерес за соработка со Трофименко за есенското шоу за висока мода, а уметницата која живее во Киев, предложи користење на симболот на Дрвото на животот како елемент од украинскиот фолклор, кое исто така се провлекува и во други култури и религии.

Желбата да поддржи уметник кој создава во време на војна беше уште една од причините што Кјури изрази желба за колаборација, особено земајќи ја предвид историјата на модната куќа на Кристијан Диор, која била основана веднаш по Втората светска војна. Покрај возбуда и оптимизам кај клиентите, облеката на Диор го помогнало и обновувањето на егзистенцијата на француските работници низ целиот синџир на снабдување.

А токму тој оптимистичен дух беше особено присутен и сега за време на кризата со коронавирусот, кога наместо да ги прекинат или редуцираат модните ревии, тие се одлучија да за спротивното, земајќи ја предвид егистенцијата на сите вешти луѓе (меѓу кои и фриленсери) вклучени во производството на колекции и ревии. Според Чиури, високата мода е интимна практика, прашање што е многу помеѓу клиентот и занаетчиите кои стојат зад изработката на нивната облека.

Во оваа класична колекција „Диор" на Кјури, доминира нежна и резервирана палета на бели и бледи беж нијанси, романтични но и помалку ригидни модели, долги силуети, блузи со големи ракави, мали јакнички и намерки, цветни 3-Д визови од тантела обложени со монистра. Сепак, она што ја прави оваа колекција посебна се "тајните" детали кои, според Кјури се "невидливи освен за клиентот".

Погледнете како изгледаа дел од прекрасните дизајни. 

Фото: Vogue

Објавено:
5 јули 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
279 пати