Новата колекција на H&M е чиста романтика

4 август 2020

Познатиот шведски бренд неодамна ја претстави новата колекција, создадена во соработка со дизајнерката Сандра Мансоур.

Таа е од Бејрут, а своето ателје и истоимениот бренд ги основа во 2010 година. Препознатлива е по романтичната, а сепак впечатлива естетика, што успеа да го пренесе и во оваа соработка.

Колекцијата го носи називот „„Fleur du Soleil, како последица од инспирацијата на дизајнерката со сончогледите кои го секогаш го следат сонцето. 

Покрај тоа, инспирацијата ја нашла и останатите убавини што ги нуди природата, но и во силата на жените-уметници. Модните инсајдери ќе кажат дека оваа колекција е составена од парчиња со комплексен дизајн, кои вклучуваат и рачно изработени детали, што апсолутно не изненадува кога е оваа дизајнерка во прашање.

Крајниот резултат, за кој првите впечатоци се и повеќе од позитивни е летна колекција која изобилува со романтични, но и модно предизвикувачки креации.

Фустани, здолништа, блејзер, маици со принт, дуксер со качулка... се дел од парчињата облека што ја сочинуваат.

„Инспирацијата за колекцијата која ја дизајнирав за H&M беше природата и природните елементи, особено сончогледот, кој претставува круг на животот и неговата зависност од сонцето и светлоста. Поезијата и сликарките ме инспирираа за изборот на ткаенини - црна тантела, жакард и везена органза. Со оваа колекција сакам да пратам порака за надеж на сите жени ширум светот, нешто што во овој момент ни е повеќе од потребно“, вели дизајнерката.

Од брендот H&M пак, истакнуваат дека нејзините дизајни се чиста убвина, уметност и романтика, како и тоа дека ја следат модерната младоликост.

Погледнете:

 

Објавено:
4 август 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.888 пати