Новата колекција на Оскар де ла Рента е создадена за забави!

11 февруари 2020

„Party dresses" е носечката референца на новата колекција на Оскар де ла Рента што беше промовирана вчера на Њујоршката модна недела.

Стартувајќи го шоуто точно во 21 часот, водечките креативци на брендот, Лаура Ким и Фернандо Гарсија, дури и со временската рамка на модната ревија, најавија дека публиката ќе има можност да ужива во парчиња кои пред сè се наменети за вечерни излегувања, коктел забави и специјални пригоди.

Иако линијата започнува со неколку фантастични, слоевито комбинирани аутфити со забавен и привлечен колор-блок спој за секој ден, понатаму се развива во покомплицирани дизајни со водечка свечена нота.

Всушност генералната поента на оваа колекција е дека облеката постои за да нè возбуди, за да внесе забава во секојдневието, да ни ги ишара денот и ноќта со игриви кроеви, бои и дезени.

Колекцијата понуди асиметрични мини фустани, волумензони детали, ракви и панделки, масивни карнери, комбнација на интензивни бои и принтови и светкави материјали.

Малку диско малку коктел елеганција...

 

Објавено:
11 февруари 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
441 пати