Новата колекција на Валентино е современа проекција на традицијата

14 декември 2019

При создавањето на концептот на своите нови колекции, креативните директори на луксузните модни куќи често ја користат идејата за богатата традиција и наследство на брендот што го предводат.

Па осовременувањето на историјата низ визионерскиот видик на креативното водство, е честа тема во нивниот израз.

Во таа насока е и новата пред-есенска колекција за 2020 на Валентино, во која Пјерпаоло Пичоли имплементираше современа интерпретација на богатата традиција на италијанскиот бренд.

Чудесниот колор, флуидните силуети и фузијата од влијанието на 60-те, 70-те и 80-те, креираат модерна проекција на препознатливата традиција на брендот.

Резултатот погледнете го во лукбукот во продолжение.

Фото: Валентино

 

Објавено:
14 декември 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
719 пати
Тагови: 
Валентино