Новата колекција на Зухаир Мурад е визуелен спектакл инспириран од волшебните бои на природата

4 октомври 2022

Директно повлекувајќи инспирација од планината Винукунка (Виножито Планина) во Перу, Солената купола на Загрос и Мермерната пештера во Патагонија, Зухаир Мурад не носи во волшебно колоритен свет.

Фото: zuhairmurad.com

Фото: zuhairmurad.com

Неговата нова колекција за пролет-лето 2023 година се карактеризира со извајани силуети инспирирани од оваа карпеста природа издлабена од ветровите низ вековите. А од попатно собраната пена на Тихиот Океан, тој се инспириа и смислува сензуални облини кои ја потенцираат женственоста.

Фото: zuhairmurad.com

Слободата на телото и душата доминира во колекцијата, при што ткаенините оживуваат за да формираат маестрална комбинација на текстури. Нежната транспарентна органза, тантела и мрежестите ткаенини разиграно флертуваат со женствената форма и креираат раскошни дизајни на кои блескаат металик спојки кои ги држат каскадните набори.

Фото: zuhairmurad.com

Фото: zuhairmurad.com

Фустаните, кои варираат помеѓу долги, миди и кратки отсликуваат неодолив гламур и сензуалнос, а наедно и визуелен спектакл и храбра прослава на живи и оживувачки бои, ода на летото и женствените дизајни кои ја носат убавината на виделина.

Фото: zuhairmurad.com

Разгледајте како изгледа новата волшебна колекција на Зухаир Мурад.

Фото: zuhairmurad.com

Објавено:
4 октомври 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
794 пати