Новите колекции на линиите на Hugo Boss пристигнаа. Новата сезона носи трендови кои во моделите на BOSS се реинтерпретирани на софистициран начин задржувајќи ја автентичноста на брендот, но внесувајќи и свежа енергија за нови почетоци. 

Во линијата на Hugo Boss особено доминантна е „каки“ бојата која е модерна и неутрална, и лесно прилагодлива на сè што носите. 

Колекцијата на Boss Orange нуди модели кои пренесуваат млад, ведар дух и асоцираат на студентските денови. 

Дел од истата се неизбежните фармерки, маици со апликации, бомбер јакни и други впечатливи модели за префинет, лежерен изглед. 

Како и секоја сезона, колекција на Boss Green има спортска линија. Лесните јакни се водоотпорни и дополнети со интересен принт на стилизирани бранови.

Во колекцијата HUGO преовладуваат неутралните тонови и разиграни растителни принтови кои ги балансираат земјените бои. 

Објавено:
9 март 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
468 пати