Нови женствени парчиња од H & M за последните летни денови

3 август 2016

Еден од омилените high street брендови H & M има нов лукбук во кој смести неодоливи и супер женствени парчиња за последните денови од летото.

Мини колекцијата ја нарече „Feminine Novelty“, а во неа девојките ќе најдат тренди бомбер јакни, елегантни slip фустани, џинс комбинезони, но и стилски широки и тесни панталони со принт.

Широките панталони тие ги комбинираат со шик блузичка на долги ракави со ист принт, со што се добива еден идеален комплет за различни пригоди.

Како и секогаш, така и овој пат тие во колекцијата понудија и модерни тесни фармерки со искинати детали, кои совршено ќе се вклопат во вашиот секојдневен стил.

Секако, не ги заборавија и обожавателите на кошули, па така вметнаа и тексас кошулка, лежерна со бело – сини пруги, широка бела и секако, една со шармантни точки.

Тимот дизајнери ниту овој пат не заборави на фустаните, па така можеме да видиме и такви во зелена боја комбинирани со црна бомбер јакна, но и плисирани здолништа, јакни од превртена кожа и тренди бели патики.

 

Објавено:
3 август 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.050 пати