Иако Винтур прави комерцијализација на американското издание на Вог, италијанското издание сеуште држи одредени принципи. Така и овој пат, Франка Созани која е позната по истакнувањето на политичките, расни и етички прашања кои умешно знае да ги вметне во уметнички и моден контекст, отвори една многу дискутабилна тема
Овој пат главна тематика е насилството врз жените. Во едиторијалот под наслов „Horror Story“ направен од страна на Стивен Мејсел за априлското издание на италијанскиот Вог, уредничката отвори прашање кое се повеќе е присутно во секојдневието. Главни улоги во едиторијалот имаат елегантно средените модели со фустани од Москино, подвезици од Мелиса Леви и чевли од Алекксандар Ванг, кои се кријат од мажот кој со нож ги бара низ куќата. Иако одредени сцени наликуваат на вистинска хорор приказна, сепак уметничкиот и моден пристап дава сосема поинаква димензија во едиторијалот .
Иако Франка Созани се обидела преку овој едиторијал да допре до сржта на проблемот, сепак носењето на дизајнерски парчиња доведе до потешкотија при истакнување на вистинската порака на едиторијалот. Но сепак, оние кои ја познаваат работата на уредничката знаат дека таа е еден од најнапредните и уникатни уредници кој им дава шанса на младите дизајнери, истакнивајќи го концептуалниот пристап на италијанската мода