Новогодишната кампања на модното дуо Долче и Габана

4 декември 2013

 

Празничната кампања на Долче и Габана за 2013 година дефинитивно може да послужи како добар извор на инспирација за оние кои се љубители на едноставниот женствен изглед. Познатото дуо секогаш успева да донесе нешто свежо и возбудливо во поглед на автентични модни изгледи. За својата нова кампања ги ангажираше моделите Марина Делеу и Џи Хју Парк кои исто така се појавија на модната ревија за колекцијата пролет-лето 2014 година.

 

 

За празничната кампања оваа модна куќа одлучи во сценографијата да доминира луксузен златен венец, а во средина да позираат моделите и на тој начин ефективно да се истакне нивниот изглед. Пораката која брендот гласно ни ја испраќа е следна:  фустанот не треба да биде секогаш гламурозно решение за Нова Година, па така понудија неколку варијанти за оние девојки и жени кои сакаат да се чувствуваат малку покомотно и класично за најлудата ноќ. Црна кошула и панталони со висок струк надополнети со цветен дезен се исто така романтична и празнична алтернатива која ќе направи да изгледате ултра, шик и модерно.

 

 

Исто така мошне интересен е моментот што овој пат моделите и дизајните се изработени од „зимски“ материјали како твид и волна во комбинација со тантела. Одлуката за миксање на ваков тип материјали е со цел да ви биде топло и пријатно за време на славењето, а сепак да презентирате еден софистициран изглед кој доколку го зачините со крзнен детаљ би добиле уште по дамски, гламурозен и оригинален визуелен ефект.

 

 

Објавено:
4 декември 2013
Категорија: 
Колекции